Во кривична постапка најмногу тежина имаат првите чекори — она што ќе се каже или пропушти на почетокот тешко се поправа подоцна. Адвокатската канцеларија „Адвокат Горан Илиев“ обезбедува одбрана во предмети од областа на кривичното право и застапување на оштетени лица пред судовите и органите низ целата територија на Република Северна Македонија, во сите фази од постапката.
Препорачливо е да се консултирате со адвокат пред да дадете каква било изјава. Изјавите дадени во раната фаза можат да имаат значење во понатамошниот тек на постапката, а тогаш веќе е доцна да се повлечат.
Правото на бранител постои од најраните фази на постапката, а не дури по подигнување на обвинението. Во случаите определени со закон одбраната е задолжителна.
Оштетен е лицето на кое со кривичното дело му е нанесена штета. Оштетениот има свои права во постапката и може да постави имотноправно барање за надомест на штетата.
Не. Во зависност од делото и од околностите, постапката може да заврши и без главен претрес. Реална проценка може да се даде дури по увид во списите на предметот.